Гасол едвај преживеал: Невидливиот непријател беше тежок да се победи, коронавирусот ме уништи!

Марк Гасол едвај се врати на кошаркарскиот терен по пауза од повеќе од 20 дена. Шпанскиот репрезентативец бил позитивен на коронавирус, па откrи дека неговото тело на крај успеало да се избори и да го победи невидлиовиот непријател.

Гасол зборуваше за деновите поминати во изолација, но и за симптомите со кои се соочил.

“Долги и тешки недели се зад мене. Сепак, не изгубив надеж, се борев и ја победив болеста. Сега можам да се свртам кон размислување како да ја подобрам мојата игра до плејофот. Вирусот ме погоди силно првите пет-шест дена. Не можев да се движам, а најлошото беше дека имав голема главоболка и отежнато дишење. Кога се обидував да ја сменам позицијата или да одам, тогаш разбрав како е тешко и напорно да се спротиставам на коронавирусот, кој многу влијаеше на моето тело. Ова е многу сериозно. Дури и ако ги следите упатствата за заштита, носете маска … Вие сепак може да се разболите“, заклучи Гасол.

Се вчитува...