Гасол: Никогаш не размислував за враќање во Европа

Најдобриот шпански кошаркар на сите времиња, Пау Гасол вели дека во ниту еден момент не размислувал за враќање во Европа и покрај тоа што медиумите пишуваа дека тој ќе се врати во екипата на Барселона.

„Навистина никогаш не размислував за враќање во Европа. Мојата идеја беше да останам во НБА. Кога ги видов сите опции кои ми беа понудени, сфатив дека Портланд е најдобрата за мене. Ако некогаш се враќам во Европа, секако тоа ќе биде Барселона, но досега не сум размислувавл за кам-бек“, вели Гасол. 

Тој минатата сезона беше дел од Милвоки Бакс, но поради проблеми со повредите го пропушти поголемиот дел.

Се вчитува...