Гасол се враќа во Портланд како тренер?

Легендарниот шпански кошаркар Пау Гасол би можел да му се придружи на тренерскиот тим на Портланд Трејлблејзерс, пренесуваат американските медиуми. Гасол во моментов се опоравува од повредата на левото стапало, а самиот изјави планира да се врати на терените како би можел да настапи за Шпанија на ЛОИ во Токио.

Сепак, изгледа дека плановите се промениле. Наводно, по враќањето во САД тој повторно ќе се приклучи на екипата на Портланд, но овој пат како дел од тренерскиот тим. За потсетување Гасол во ноември доби отказ од Блејзерс бидејќи не успеа навреме да се опорави од повредата на стапалото.

Гасол има 18 сезони во НБА лигата во кои настапуваше за Мемфис, ЛА Лејкерс, Чикаго, Сан Антонио и Милвоки.

Се вчитува...