Пау Гасол ќе ја мине и следната сезона во НБА-лигата, но не во дресот на Милвоки бакс, откако шпанскиот ветеран реши да не го продолжи договорот со клубот на кој му се приклучи во текот на ланската сезона. Портланд ќе биде следната дестинација на Гасол, откако одличниот центар потпиша договор на една година за сума од 2,9 милиони долари.
Тој ќе стане петтиот Шпанец што го облекува дресот на Портланд, по Фернандо Мартин, Серхио Родригез, Руди Фернандез и Виктор Клавер. За Гасол ова ќе биде шести клуб во НБА-кариерата, откако претходно тој настапуваше за Мемфис, ЛА Лејкерс, Чикаго, Сан Антонио и Милвоки.
Искусниот кошаркар поради повреда нема да настапи на СП 2019 во Кина, но се очекува да биде подготвен за стартот на новата НБА-сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА