Гасперини се коцкаше, Аталанта шокирана од Сампдорија (ВИДЕО)

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини одлучи да се коцка на натпреварот против Сампдорија во Серија А и да игра без седум фудбалери од последниот дуел од Лигата на шампионите против Митјиланд, што го чинеше многу бидејќи неговиот тим беше шокиран од Сампдорија на домашен терен со 1-3.

Фабио Квалјарела донесе водство за гостите во 13. минута, до крајот на првото полувреме истиот фудбалер не успеа да реализира пенал во 45. минута. Во вториот дел гостите го удвои водството преку Мортен Торсби во 59. минута. Аталанта преку Дуван Запата од пенал успеаја во 80. минута да намалат на 1-2, а конечните 1-3 ги постави Јакуб Јанкто во 92. минута.

Аталанта со вториот пораз во низа останува на третата позиција со 9 бода, додека Сампдорија се израмни со денешниот противник и во моментов е четврта на табелата.

 

Се вчитува...