Гасперини воодушевен: Мален и Дибала се светска класа

Рома во голем стил ја почна новата сезона декласирајќи ја Фиорентина со 4-0, меч во кој брилијантен беше напаѓачкиот тандем Мален – Дибала.

Холандскиот ас постигна хет-трик, и тоа по три асистенции на аргентинскиот генијалец, па тренерот Гасперини по мечот не го криеше воодушевувањето од настапот на својот тим.

„Мален и Дибала се светска класа, сите можеа да се уверат во тоа. Дибала отсекогаш бил светска класа, штета е што имаше толку многу повреди низ годините, сетете се дека лани еднаш се повреди при слободен удар, еднаш при изведување пенал, но денеска покажа дека кога е здрав се уште е кошмар за протинвиците. Мален исто така е неверојатен, но тоа не е случајно, овде се чувствува ценето, се чувствува среќно, и возвраќа соодветно на теренот. Искрено, многу сум задоволен од нивото на игра на целиот тим, ова е неверојатна група на играчи. Лани создадовме база, летово додадовме квалитет, новите засилувања се адаптираат, сето тоа е многу важно“, изјави Гасперини.

Се вчитува...