Гасперини за пеналите на Јуве: Ајде да си ги исечеме рацете…

Тренерот на Аталанта, Џампјеро Гасперини, беше бесен на судиските одлуки по двата пенали за Јувентус со кои „старата дама“ се спаси од пораз против неговиот тим. Аталанта беше подобар противник во Торино, два пати стигнуваше до предност, но Јуве со пенал во 89. минута се спаси, задржувајќи ја предноста од девет бода во однос на тимот од Бергамо.

Двата пенали беа досудени поради играње со рака на фудбалерите на Аталанта. Ситуациите беа очигледни, топката ги удри во рака Де Рон и Муриел, но Гасперини смета дека кога не постои намера, не треба да има ниту пенал.

„Не разбирам што треба да правиме, зарем да си ги исечеме рацете пред да излеземе на терен. Ова не е првпат да се судат вакви пенали, видовме толку многу ситуации сезонава. Можеби е време во Италија да ги смениме правилата бидејќи мислам дека вакви пенали не се судат во другите посилни лиги“, порача тренерот на Аталанта.

Се вчитува...