Гати во судиското продолжение му донесе бод на Јувентус во дербито со Милан (ВИДЕО)

Фудбалерите на Јувентус со гол во судиското продолжение се спасија од пораз во дербито од од третото коло во Серија А против Милан.

Дербито на „Алијанц Арената“ заврши без победник 1:1.

Херој на навивачите на „Старата дама“ е Федерико Гати, кој во 92-та минута скокна највисоко по нафрлената топка на Копмајнерс и ја смести топката во мрежата на голманот Мањан. Голот на Гати може да го видите ТУКА.

Претходно Милан, во 68-та минута поведе со голот на Сисе. Голот на Милан може да го видите на следниот ЛИНК.

По три кола, Милан и Јувентус имаат по седум бодови, два помалку од лидерите Рома и Интер кои се единствени со максимален учинок досега.

Се вчитува...