Гатузо го избркал Елмас од тренинг!

Џенаро Гатузо ги брои последните месеци како тренер на Наполи, па не му пречи кон крајот на оваа авантура да влезе во конфликт со што повеќе фудбалери. Елиф Елмас се најде на листата на темпераментниот тренер откако утрово беше објавено дека македонскиот репрезентативец бил избркан од вчерашниот тренинг на „наполитанците“.

Не станувало збор за недисциплина, туку за „недоволна активност на Елмас на тренингот“, поради што незадоволниот Гатузо решил да го испрати македонскиот „дијамант“ во соблекувалната. Според првичните најави, ова значи дека Елмас нема да се најде ниту на клупата за следниот меч од Калчо-чигата, дерби-дуелот со Лацио.

Гатузо има навика на вакви конфликти со своите фудбалери, тој неколку пати го бркаше Бразилецот Алан пред да го продаде во Евертон. Сезонава тој веќе трипати избрка свои играчи од тренинг, двапати тоа се случи со португалскиот бек Марио Руи, а еднаш со Гулам.

Се вчитува...