Гатузо и Наполи, љубовта продолжува до 2023 година

Џенаро Гатузо е подготвен да потпише нов договор со Наполи што ќе му гарантира останување на клупата на овој калчолигаш до јуни 2023 година. Поранешниот италијански репрезентативец го наследи Карло Анчелоти во декември 2019 година и успеа да стигне до трофејот во Купот на Италија, по што „наполитанците“ сега се вбројуваат и меѓу главните конкуренти во трката за скудетото.

Договорот на Гатузо истекува на крајот на сезонава, преговорите за продолжување на соработката траат веќе извесно време, но двете страни на последниот состанок ги договориле клучните детали. Гатузо прифатил платата да му изнесува 2,2 милиони евра годишно плус бонуси, додека претседателот Де Лаурентис се согласил да ја намали клаузулата од седум милиони евра што би ја барал доколку Гатузо самиот бара раскин на договор за да замине во друг клуб или да стане селектор на италијанската репрезентација.

„Наполитанците“ попладнево му гостуваат на Беневенто во обид да ја продолжат серијата добри игри во Калчо-лигата, но и да се рехабилитираат по изненадувачкиот пораз од АЗ Алкмар на стартот од Лигата на Европа.

Се вчитува...