Гатузо одбил осумнаесет понуди пред да го преземе Наполи

Џенаро Гатузо одбил понуди од осумнаесет клубови пред да го преземе Наполи, пренесуваат италијанските медиуми. Во средата Гатузо беше претставен како нов тренер на калчолигашот Наполи, откако ден претходно му беше врачен отказ на Карло Анчелоти.

Гатузо беше без ангажман од крајот на минатата сезона кога доби отказ од Милан. Оттогаш добил неверојатни 18 понуди да му се врати на фудбалот. Го барале Валенсија, Џенова, Сампдорија, а имало интерес и од клубови од Русија, Грција и Кина.

Гатузо за првпат ќе го предводи Наполи во натпреварот против Парма, кој на програмата е викендов.

Се вчитува...