Гатузо: Шон Конери ме замоли да не заминам од Ренџерс, а кога Џејмс Бонд го бара тоа од тебе…

Шкотскиот глумец, Шон Конери почина во саботата во 90 година од животот. Покрај маестралните улоги кои што ги оствари во неговата кариера, Шкотот беше познат по тоа што е голем спортски фан. Своевремено Сер Мат Бизби го барал да потпише во Манчестер Јунајтед, а познато е дека беше и голем фан на тенисот, особено на неговиот сонародник Енди Мареј.

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо откри интересна анегдота поврзана со Конери од времето кога ги бранел боите на Ренџерс. Гатузо по една помината година во Глазгов, одлучил да се врати во Италија и да потпише со Салернитана, трансфер кој на крајот и се остварил. Но, Италијанецот вели дека Шон Конери побарал од него да остане во Ренџерс, а како што вели Гатузо, кога Џејмс Бонд ќе побара нешто од тебе навистина е тешко да не го направиш.

Сепак, на крајот Гатузо потпиша за Салернитана од каде потоа премина во Милан, тим во кој стана клупска легенда и ги освои сите можни трофеи.

Се вчитува...