Гатузо си заминува од Милан како и да заврши сезоната

Дури и ако Милан заврши меѓу четирите најдобри екипи во италијанската фудбалска Серија А, Џенаро Гатузо ќе го напушти Милан на крајот од оваа сезона тврди „Gazzetta dello Sport“.

Според тврдењата на медиумот, Гатузо бил лут на управата на Милан поради константните притисоци за тоа дека ќе биде сменет ако не обезбеди излез во Лигата на шампионите.

Наводно Гатузо бил во лоши односи со спортскиот директот на клубот, Леонардо кој не застанувал доволно цврсто зад него во критични ситуации. Одлуката на поранешниот играч на Милан да ја напушти тренерската позиција била прашање на чест и на гордост бидејќи Гатузо не сакал постојано да биде „жртвеното јагне“ во клубот.

Во моментов Милан е на четвртата позиција на табелата со само еден бод повеќе од петтопласираната Аталанта. Денеска Милан гостува во Торино на големото дерби против Јувентус.

 

Се вчитува...