Гатузо: Знам како се запира Меси, ама на плејстејшн

Елиф Елмас и соиграчите славеа на дуелот против Лацио со 3-1 за заокружување на сезоната во Серија А, но пред „наполитанците“ сега е нов предизвик – реваншот од осминафиналето во ЛШ против Барселона. За секој ривал на Барса рецептот за успех е добро познат – да се неутрализира Лионел Меси, но ретко кој успеал во таа исклучително тешка задача.

Свесен за големината на предизвикот е и тренерот Џенаро Гатузо, кој се пофали дека го има запрено аргентинскиот генијалец, ама на плејстејшн.

„Како да се игра против Меси? Можеби би го запрел на сон… или на плејстејшн со Гатузо од Милан. Сепак, тој Гатузо беше помлад и со 15-20 килограми помалку од денеска“, истакна стратегот на „наполитанците“.

Капитенот Лоренцо Инсиње речиси сигурно ќе го пропушти реваншот на „Камп Ноу“, а големи се шансите на негово место во стартниот тим да се појави Елиф Елмас, кој веќе на неколку натпревари го заменуваше овој напаѓач на средбите на кои Гатузо се решаваше за позатворена варијанта од вообичаено.

Се вчитува...