Фудбалскиот клуб Барселона потврди дека играчот од средниот ред Пабло Паес Гавира, попознат како Гави, е успешно опериран по повредата на коленото.
Како што беше објавено, 21-годишниот играч од средниот ред е подложен на артроскопска интервенција за санирање на повредата на медијалниот менискус.
„Менискусот беше зашиен за да се зачува, што е метод што бара подолго закрепнување“, соопшти шпанскиот клуб.
Според медицинскиот тим, очекуваниот период на закрепнување е помеѓу четири и пет месеци, што значи дека Барселона нема да може да смета на еден од своите најважни млади играчи до крајот на годината.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

