Газдата на Далас Маверикс, Патрик Думонт кој ја откупи франшизата од Тексас во декември 2023 година говореше за трејдот кој ја шокираше кошаркарската јавност, заминувањето на Лука Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс.
Откако изјави се најдобро за Словенецот, следеше и објаснување за одлуката да се реши од услугите на 25-годишникот кој важи за супер ѕвезда.
„Ако мене ме прашуваате, тимовите победуваат со тоа што сите играчи се фокусирани, имаат вистински карактер, што придонесуваат на културата, што покажуваат вистинска посветеност и работат најдобро што можат да за придонесат на шампионски исход. Ако не го правите тоа, ќе бидете поразени.
Ако ги погледнете најголемите кошаркари во оваа лига, играчите со кои пораснавме како Џордан, Бирд, Брајант, Шек… сите работеа многу многу напорно секој ден и беа фокусирани единствено на победи. Ако го немате тоа во себе, работите нема да функционираат. Ако го немате тоа не треба да бидете дел од Далас Маверикс“, изјави Думонт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА