Газдата на Елмас бара одложување на финалето од Лигата на нации меѓу Македонија и Грузија!?

Сопственикот на Наполи, Аурелио де Лаурентис официјално побарал од УЕФА да ги одложи ноемвриските репрезентативни натпревари, меѓу кои и финалето од Лигата на нации меѓу Грузија и Македонија во Тбилиси кое ќе го одлучи патникот на Европското првенство следната година.

Лаурентис е првиот претставник на клуб во Европа кој бара од УЕФА одложување на репрезентативните натпревари, но има поддршка од голем број сопственици на италијанските клубови. Барањето на Де Лаурентис е поради затоа што со ноемвриските натпревари на националните тимови ќе се зголеми дополнително ризикот заразата што повеќе да влезе по европските клубови, и потоа дополнително да се комплицираат сите натпреварувања.

Сепак, се чини, без разлика колкав ќе е бројот на клубови со вакво барање, УЕФА тешко дека ќе донесе одлука за одложување на натпреварите. Најголемиот проблем е што веќе нема термини за одложување на натпреварите на репрезентацијата.

Наполи мака мачи со позитивни на коронавирусот. И по три недели од првиот тест, позитивен на Ковид-19 се уште е и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Се вчитува...