Газета дело спорт: Интер сака да го врати Пандев во Милано!

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев е една од можните цели на Интер во обидот да ги засили своите резервни напаѓачки опции, како дополнение на Мауро Икарди. Ова го тврди италијанската „Газета дело спорт“ која во својот текст наведува дека Пандев би можел да се врати во Милано.

Според пишувањето на „Газета“, доколку Интер не успее во своите редови да го доведе Николас Гонзалес од Аргентинос Јуниорс, тогаш меѓу најсериозните алтернативи е и Горан Пандев кој се уште го нема продолжено договорот со Џенова.

Пандев во Интер би пристигнал како слободен фудбалер со оглед на тоа што уште чека продолжување на договорот со Џенова. За „нераѕурите“ македонскиот репрезентативец е поволна опција затоа што многу добро е запознаен со начинот на кој функционира Интер, тимот во кој ги мина најславните свои денови стигнувајќи и до европската шампионска титула.

Покрај Пандев, на списокот желби на Интер се и Кевин Ласања, Диего Фалчинели и Фабио Кваљарела.

Се вчитува...