„Газета дело спорт“ со пофалби за Елмас: Дијамантот може да игра на секоја позиција!

Елјиф Елмас покажа одлични партии во дресот на Наполи во последните мечеви пред паузата поради Светското првенство кое од 20. ноември до 18. декември годинава ќе се игра во Катар.

Македонскиот репрезентативец за одличните партии доби пофалби и од најтиражниот спортски весник во Италија „Газета дело спорт“…

„Да го наречете Елмасхелија нема да се навреди. Елиф Елмас трипати доби шанса од првата минута во Серија А, со Лече, Аталанта и Удинезе и на секој од трите меча даде гол. Плус во саботата му асистираше на Осимен. Тој не е како Грузиецот, но е близу него и во секој случај Елмас е крило на свој начин, секојпат ја прави разликата. Ја нема непредвидливоста на Квича, ама никојпат тренерот не зажалил што го ставил, зашто постојано е опасност во противничкиот шеснаесетник. Ладен е како врвен напаѓач, многу корисен како играч за врска на крилна позиција, фудбалер кој му дава баланс на тимот. Е, тоа е тој Елиф Елмас, кој сега може и да се дефинира како неочекуван силен протагонист во една неверојатна сезона на Наполи“, пишува најпознатиот спортски весник во Италија. 

Се вчитува...