Генч Калемлар службено го загуби мечот со Скопје поради неправилен настап на младинец

Новиот второлигаш Генч Калемлер од Гостивар на зелена маса го загуби првото место во Втората лига – Запад, откако службено остана без бодовите од дуелот против Скопје поради неправилен настап на младинец.

Генч Калемлер триумфираше со 0-1 на гостувањето против Скопје, но направи пропуст околу правилата за настап на млади фудбалери во првиот тим. Според пропозициите за Втората лига, во составот потребно е да има двајца младинци, но еден мора да биде до 21 година, а вториот до 19 години. Генч Калемлер имал двајца младинци, но проблемот е што вториот младинец бил една година постар од дозволената граница, па поради тоа гостиварците сега службено го загубија натпреварот.

По одземените три бода, Генч Калемлар сега е на 4. место на табелата со 10 бода. Прв во Втората лига Запад сега е Гостивар со 12 бода пред Струга Трим Лум со 11 бода и Скопје со 10 бода.

Се вчитува...