„Генерал“ Ринкон потпиша за Јувентус

Јувентус во третиот ден од новата година и официјално го потврди својот прв трансфер. Станува збор за Томас Ринкон, интернационалецот од Венецуела кој пристигна од редовите на Џенова. Фудбалерот за врска, кој го има прекарот „генерал“, во текот на вчерашниот ден го одржа првиот тренинг со новите соиграчи, а италијанскиот првак утрово го официјализираше неговиот потпис на четиригодишниот договор.

Томас Ринкон е нов член на Јувентус. Тој потпиша договор до 2020 година. Џенова ќе заработи осум милиони евра од овој трансфер, плус дополнителни суми во зависност од успесите на клубот во следниот период“ – соопштија од раководството на „старата дама“.

Ринкон настапува на позицијата последен играч за врска, што ќе му овозможи на Маркизио да игра нешто понапред во формацијата на „старата дама“. Според италијанските медиуми, „жртва“ на овој трансфер ќе биде Миралем Пјаниќ, од чии настапи тренерот Алегри не беше задоволен, па сега ќе се пресели на клупата за резерви.

Се вчитува...