Лука Дончиќ шокатно го напушта Далас Маверикс и се сели во Лос Анџелес Лејкерс!
Далас им ги понуди Лука Дончиќ, Макси Клебер и Маркиф Морис на Лејкерси, во замена за Ентони Дејвис, Макс Кристи и пик од првата рунда во 2029 година. Крајно неверојатен трејд ако се знае дека дури и актерите немале поим дека се подготвува вакво нешто.
A, се смислил и договорил генералниот менаџер на Далас, Нико Херисон кој се огласи во јавноста и го објасни овој потег кој е неразбирлив за поголемиот дел навивачи на Далас.
„Мојот категоричен став е дека одбраната ги добива натпревари, а ние со овој договор добивме еден врвен одбранбен играч и кошаркар кој, тврдам, ќе влезе во историјата на кошарката. Тој нов кошаркар ни дава поголеми шанси за успеси во иднина. Изградени сме да победуваме сега, но и во иднина“ – вели Херисон.
Под водство на Дончиќ, Далас минатата година по цели 13 години стигна до финалето на НБА. Но, Дончиќ континуирано добиваше критики дека игра слаба одбрана поради што Далас не може да дојде до титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА