Генералниот менаџер на Далас со шокантна изјава за трејдот на Дончиќ: Не знаеше ниту тренерот Кид…

Фановите на Далас во неверување ја дочекаа информацијата за трејд на нивниот миленик Лука Дончиќ во редовите на Лос Анџелес Лејкерс во размена за Ентони Дејвис. Многумина сметаат дека ова е непромислен потег на раководството на тимот, особено на генералниот менаџер, Нико Херисон.

А, тој пак дополнително си го загрози статусот во Далас со шокантна изјава за трејдот на словенечката суперѕвезда.

„Роб Паленка (генералниот менаџер на ЛА Лејкерс) и ја бевме единствените кои знаевме за овој тренд. Ниту тренерот Џејсон Кид не знаеше. Сепак согласни сме за оваа одлука. Говориме за профил на играчи и култура која сакаме да ја изградиме тука. Го знам типот на кошаркари кои Кид ги сака. Со Дејвис освои титула, така да сметам дека ова е вистински потег.

Свесни сме за големината на овој потег. Времето ќе покаже дали сум во право. Им благодарам на Лука и Клебер за посветеноста. Сепак мислам дека одбраната освојува титули и затоа го сакавме Дејвис, тој е едноставен кошаркар.

Нема да говорам лошо за ниту еден играчи, но постојат нијанси. Постојат играчи кои се вклопуваат во културата на тимот, постојат и оние кои ја надоградуваат. Тоа се момците кои ги доведовме“, изјави Херисон.

Се вчитува...