Генералниот секретар на МКМИ му додели Златен медитерански венец на Даниел Димевски

Генералниот секретар на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри (МКМИ), Јаковос Филипусис му додели Златен медитерански венец на претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски за неговиот голем придонес во развојот на спортот на меѓународно ниво и посебно на Медитеранските игри како заменик Претседател на Маркетинг комисијата на МКМИ.

Генералниот секретар Филипусис притоа даде ветување за зголемување на финансиската помош на МОК односно за македонските спортисти, посебно за оние кои учествувале и кои ќе учествуват на идните Медитерански игри.

Помош е ветена и во учество на најдобрите македонски спортисти и Национални спортски федерации на соодветни тренинг кампови за високи спортски резултати во поединечни спортови каде би тренирале со најдобрите спортисти од Медитеранот, со посебен осврт на унапредување на знаењето на тренерскиот кадар и кадарот задолжен за здравјето на спортистите преку примена на најновите достигнувања во областа на спортската медицина.

Се вчитува...