Каков ден за младиот напаѓач на Спартак Варна, Георг Стојановски. Македонскиот интернационалец постигна три гола во победата на својот тим од 3-0 над Славија Софија, за опстанок во најдобрата лига на Бугарија!
Стојановски со головите во 8-та, 30-тата и 62-рата минута, донесе триумф за својата екипа, и така за еден бод повеќе од Септември Софија, успеа да обезбеди директен опстанок во „елитата“.
За потсетување дека тренер на Спартак е Ѓоко Хаџиевски, дедото на Георг Стојановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
