Бојан Георгиевски и Ѓорѓиловиќ се нови засилувања за Победа

Прволигашот од Прилеп, Победа од денеска е засилен со услугите на дефанзивците, Бојан Георгиевски и Звездан Ѓорѓиловиќ. Десниот бек, Георгиевски доаѓа во тимот на Зоран Штерјовски од Нефтохимик, а во нашата држава го носел дресот на Вардар, Металург и Хоризонт Турново, а настапувал и за Бате Борисов и Сконто Рига.

Ѓорѓиловиќ е довчерашен фудбалер на Монтенго Беј јунајтед, од Јамајка, а ги бранел боите и на српскиот прволигаш Борац Чачак, Борац Бања Лука, Слога Пожега и Дрина Зворни.

Управата на прилепчани е задоволна од партиите на Георгиевски и Ѓорѓиловиќ во подготвителниот период, па дефинитивно остануваат во тимот за пролетниот дел од шампионатот.

Победа утре го игра последниот пријателски натпревар во Охрид, со второлигашот Велазерими, а останува уште дуелот со Хоризонт Турново и настапот на меморијалниот турнир „Вуко Каров“ на 11-ти и 12-ти февруари.

Се вчитува...