Двократниот европски шампион Вардар утре на домашен терен против хрватски Сесвете ќе го отвори настапот во новата сезона од Лигата на Европа.
Капитенот на „црвено-црните“, Гоце Георгиевски пред утрешниот меч вели дека се подготвени за противникот.
„Не очекува стартот на Лигата на Европа на домашен терен со една непозната екипа. Фаворити сме на овој меч. Трениравме и подготвени сме за противникот. Ги повикувам сите фанови на Вардар да не поддржат и со победа да го отвориме ова натпреварување. Нашите амбиции се големи во Лигата на Европа. Се надевам на победа и успешен старт на ова натпреварување“, изјави Георгиевски на денешната прес-конференција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

