Георгиевски: За Рајн Некар би кажал се во суперлативи, бавна игра е нашата шанса

Вардар во сабота го игра квалификацискиот натпревар против Рајн Некар од Германија, за пласман во групите во Лигата на Европа. „Црвено-црните“ ја имаа таа (не)среќа да им се падне еден од најтешките противници во моментов.

Варар го игра мечот на домашен терен во кој ќе атакува на подобар резултат пред реваншот во Германија.

„Го гледав нашиот противник против Кил, и очекував таков ракомет, не знам се би кажал во суперлативи за Рајн Некар. Мене искрено ми се допаѓаше играта нивна од Кил. Цело време трчаат, динамични се. Нашата шанса е пред се да се враќаме брзо назад, и треба да не им дозволиме да играат брзо, да ги направиме нетрпеливи и нервозни со таа побавна игра“, изјави Гоце Георгиевски.

Околу амбициите во новата сезона, Георгиевски вели дека дострелите на Вардар се секогаш највисоки.

„Вардар секогаш има највисоки дострели, ќе се бориме за двојна круна, тоа ќе биде тешко, затоа што Алкалоид и Пелистер вложуваат и работат добро, и ќе биде доста интересно првенство. Ако не успееме во целта, не треба да се разочаруваме, затоа што е ова млада екипа чие време допрва доаѓа“, вели Георгиевски.

Се вчитува...