Георгина нема мир ниту на улица: Ја прашаа каде ќе игра Роналдо, па го добија одговорот од сопругата на Португалецот (ВИДЕО)

Во последниве денови се пишуваше многу за Кристијано Роналдо, особено откако Масимилијано Алегри повторно седна на клупата на Јувентус. Португалецот е поврзан со ПСЖ, а се споменува и негово враќање во Манчестер Јунајтед.

Некои медиуми од Апенините тврдат дека тој веќе им рекол на своите соиграчи дека заминува од клубот на Торино.

За неговата иднина проговори на улица и неговата сопруга, додека таа шеташе со една од нејзините пријатели. Фановите не успеаја да се воздржат од прашањето што ќе се случи со нејзиниот партнер, па добија јасен одговор од Георгина. На прашањето дали Роналдо останува во Јувентус, таа се сврте и со насмевка на лицето рече дека ќе остане.

Колку има вистина во тоа, времето ќе покаже. Роналдо постигна 101 гол за Јуве на 133 натпревари, ги освои сите домашни трофеи во Италија, но сè уште ја нема освоено Лигата на шампионите за која беше и првенствено донесен.

Алегри сака да го изгради тимот на Јувентус околу Пауло Дибала, па се очекува да пристигнат уште неколку летни засилувања, поради што се споменува и можно заминување на славниот Португалец.

 

 

 

Се вчитува...