Георгина откри како се родила љубов меѓу неа и Роналдо

Вереничката на еден од најдобрите фудбалери на денешницата Кристијано Роналдо, Георгина Родригез откри како ја почнала врската со Португалецот. Иако Кристијано некои детали од приватниот живот сака да ги задржи само за себе, Георгина сепак откри како се запознале.

„Беше тоа љубов на прв поглед. Прв пат се видовме на улица кога се враќав од работа дома, но немавме храброст да почнеме муабет. Но, набрзо потоа дојде во луксузниот бутик во кој работев. Тогаш првпат разговаравме. Беше тоа навистина посебен момент. И покрај многуте луѓе околу нас, се чувствувавме како да сме осамени на цел свет“, изјави Георгина. 

Се вчитува...