Ѓер остана без уште една клучна ракометарка

Како што се ближи периодот за разврска во битката за трофејот во Лигата на шампиони за жени, така се поголеми стануваат проблемите за бранителот на трофејот Ѓер. Актуелниот европски првак веќе извесно време мора да се снаоѓа без својата најдобра ракометарка Нора Мерк, а згора на тоа Ѓер сега остана и без помошта на Сузана Томори.

Одличната ракометарка, која во 2013 година беше најдобар стрелец на ЛШ, се повреди за време на квалификацискиот меч меѓу Унгарија и Холандија, а лекарските прегледи само ги потврдија најцрните прогнози.

Станува збор за кинење на лигаментите во коленото. Паузата ќе изнесува најмалку шест месеци“ – соопштија од лекарскиот тим на Ѓер, потврдувајќи дека за Томори оваа сезона е завршена.

Се вчитува...