Герет Бејл има „дил“ за трансфер во Манчестер јунајтед?

Велшкиот интернационалец Герет Бејл по завршувањето на сезоната ќе си замине од Реал Мадрид. Ова го тврди шпанскиот медиум „Диарио Гол“, кој истакнува дека раководството на клубот ја донело одлуката поради честите повреди што го има крилниот напаѓач. Верувале или не, во текот на четиригодишниот престој на „Сантијаго Бернабеу“, Герет Бејл се има повредено дури 14 пати, од кои шест пати во 2017 година. Тој пропуштил вкупно 37 натпревари на „кралскиот клуб“ поради повреда, а заработува енормна плата.

Бејл добил дозвола да преговара со други клубови и наводно веќе има „дил“ за негов трансфер во Манчестер јунајтед ова лето. Трансферот ќе изнесува околу 90 милиони евра, а „кралевите“ оваа сума ќе ја инвестираат во ангажман на нов квалитетен напаѓач, најверојатно Еден Азар од англискиот премиерлигаш Челси.

Се вчитува...