Младиот Германец кој погоди во Скопје со скромно признание: Мајка ми и натаму ме носи на тренинг

Еден од најголемите германски таленти Џамал Мусиала, постигна еден од четирите гола во Скопје во понеделникот, со што стана најмладиот стрелец на еден официјален натпревар за Германија.

Откако играше за младата селекција на Англија, се реши да настапува за Германија.

Летото 2019 година стана дел од првиот тим на Баерн Минхен, а потоа ја прифати поканата од Германија, а беше во тимот на Европското првенство оваа година.

„Баерн Минхен ми пристапија со добар план како да напредувам од една во друга категорија, и се грижеа да не ги прескокнувам скалилата. Верувам во нив и во тоа што ми велеа, и ја прифатив нивната сугестија“, вели Мусиала.

„Кога стигнав во првиот тим, бев многу нервозен. Си велев како ќе играм јас покрај толку ѕвезди. Тоа не беше нормално, но сега се опуштив“, рече младиот германски фудбалер.

Тој призна дека мајка му и натаму го носи на тренинг, иако има 18 години и може да управува со автомобил.

„Мајка ми уште ме носи на тренинзите, а наскоро ќе добијам возачка дозвола. Се ќе биде готово за неколку недели“, изјави тој.

Се вчитува...