Голманот на Барселона, Марк-Андре Тер Штеген постави нов рекорд во шпанската Ла Лига. Со вчерашната победа над Атлетик Билбао од 4-0, Германецот на голот на Барселона ја сочува мрежата на деветтиот натпревар од вкупно 11 колку што се одиграа во шпанското првенство. Со тоа стана прв голман во историјата кој ја сочувал мрежата на девет од 11 меча.
Тер Штеген беше совладан само на два натпревари. Единствено Реал Сосиедад и Реал Мадрид успеаја да постигнат гол против него оваа сезона во Ла Лига.
Барселона е во одлична форма во Ла Лига, и има девет победи на последните 10 меча во Ла Лига. Единствено загуби само на дербито со Реал Мадрид, но во Лигата на шампионите е пред елиминација и ќе му треба чудо за да обезбедим палсман во 1/8 финалето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА