Германија, Хрватска и Летонија противници на македонските кошаркарки во еврокалификациите

Македонската женска кошаркарска репрезентација ќе се бори против Германија. Хрватска и против Летонија во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2021 година. Нашите најдобри кошпаркарки ќе бидат дел од групата И.

Првиот квалификациски прозорец е предвиден за ноември оваа година, во тој термин македонската селекција ќе се сретне со Германија во гости и со Летонија на домашен терен. Завршните квалфикациски термини се во февруари 2021 година.

Првопласираните селкии со сите квалфикациски групи како и најдобрите пет од второпалсираните обезбедуваат место на Еврошампионатот.

Распоред на натпревари

14.11.2019
Германија – Северна Македонија

17.11.2019
Северна Македонија – Летонија

12.11.2020
Хрватска – Северна Македонија

 15.11.2020
Северна Македонија – Германија

4.02.2021
Летонија – Северна Македонија

7.02.2021
Северна Македонија – Хрватска

Се вчитува...