Германија и Турција убедливи во подготовките за Мундобаскетот

Турција и Германија остварија нови победи во подготовките за Мундобаскетот. Германија ја запиша и петтата победа во исто толку подготвителни мечеви, овој пат против Тунис со 89-70.

Најдобар во победничкиот состав овој пат не беше Денис Шрудер, кој имаше 14 поени, но Андреас Обст со 17 поени.

Турција победи со Порторико победувајќи со 72-64. Чеди Осман заврши со 12 поени кај Турците, Арслан постигна 10, а Мелих Махмутолу постигна девет поени.

Се вчитува...