Германија ќе има поддршка од 500 навивачи во Скопје

За натпреварот со Македонија утре, Германија ќе има поддршка од 500 навивачи кои ќе се најдат на трибините на Националната Арена „Тодор Проески“.

Фан клубот на Германија организирано ги извести навивачи дека непосредно пред мечот ќе имаат и бесплатни пијалоци.

Во 19 часот тие организирано ќе се упатат кон стадионот „Тодор Проески“ каде ќе бидат сместени на источната трибина од нашиот стадион.

Се вчитува...