И покрај тоа што претходно најавуваше дека ќе се натпреварува во квалификациите за ЕП 2024, кои ќе и послужат за подготовка пред ЕВРО, сепак Германија одлучи да не минува низ квалификацискиот циклус.
Германија, како домаќин на ЕВРО 2024, има директно место на Европско место, но од раководството претходно најавија дека има можност да ја прифатат поканата од УЕФА да учествуваат во квалификациите како подготовка на тимот. Сепак, федерацијата одлучи да не ја прифати поканата на УЕФА согласно примерот на Франција од претходниот квалификациски циклус.
„Со оглед на тоа што веќе имаме место на ЕП 2024, значи дека имаме доволно простор сами да го кроиме календарот и противниците за меѓународните натпревари следната година. Мислиме дека сами можеме подобро да ги договориме противниците со кои ќе ја темпираме формата“ – информираа од Германската фудбалска федерација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА