Германија повика нов голман, Нојер не доаѓа во Скопје, ќе брани Лено?

Промени во германскиот национален тим пред патувањето во Скопје. Првиот голман и капитен Мануел Нојер го немаше на денешниот тренинг, и тој веројатно отпаѓа за дуелот со Македонија.

Токму од тука Флик веднаш повика нов голман во националниот тим. Станува збор за анонимниот Даниел Хојер Фернандез, кој бранел за младата селекција на Португалија, но има и германско државјанство па беше повикан за Германија. Брани во добра форма, но за второлигашот Хамбургер. Ова е чудна одлука на селекторот Флик, но тој ќе биде трет, евентуално втор голман за пресметката во Скопје.

На денешниот тренинг ги немаше Марк Андре Тер-Штеген како и Мануел Нојер. Нојер се чини дефинитивно отпаѓа, а од германскиот национален тим не објаснија дали Тер Штеген добил само поштеда денеска, или воопшто нема да се смета на него во квалификациите.

Тоа би значело дека Бернд Лено, голманот на Арсенал би можел да застане меѓу диреците на дуелот во Скопје доколку Тер Штеген добие поштеда од стручниот штаб.

Се вчитува...