Германија сака во наредните години да биде организатор на Летни олимписки игри (ЛОИ) во блиска иднина. На вонредната седница на Германскиот олимписки одбор (ДОСБ) која ќе се одржи в сабота, ќе се гласа со кој град или регион да се влезе во трката за организација на ЛОИ 2036,2040 или 2044 година.
Изборот ќе биде меѓу две опции, градот Минхен и регионот Келн-Рајна-Рур.
Доколку Минхен биде избран за град кој ќе конкурира за организација на ЛОИ мотото ќе биде „Игри со срце и душа“. Според кандидатурата на Минхен, околу 90 отсто од спортските борилишта се наоѓаат на помалку од 30 километри од олимпиското село.
Предност на Минхен е тоа што веќе има изградено инфраструктура и искуство од организација на ЛОИ бидејќи во 1972 година токму во овој град се одржаа Олимписките игри.
Втората кандидатура опфаќа вкупно 15 градови во покраината Северна Рајна Вестфалија. Келн ја има улогата на главен град и во него би било сместено олимпиското село, додека спортските настапи би се одржувале низ целата покраина.
Според германските медиуми, Минхен има блага предност пред саботното гласање. Конечните резултати ќе ги соопшти германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
