Германија со пет измени во составот од дуелот со Романија

Селекторот Ханс Флик го одреди составот на Германија кој ќе настапи вечерва на дуелот со Македонија. Со пет измени од Романија, Флик ќе се обиде да дојде до победа.

На голот се враќа Нојер, кој го завзема местото на Тер Штеген. Во одбраната го нема Ридигер, на негово место ќе игра Керер, додека лево оди Раум. Зиле е вториот стопер, додека десната бековска позиција е за Клостерман.

Средниот ред Кимих, Горецка и Милер. На страничните позиции Хаверц, Гнабри, и во нападот Тимо Вернер.

Се вчитува...