„Германска машина“ – осум додавања и гол (ВИДЕО)

Германската репрезентација до 21 година се пласираше во финалето од Европското првенство откако славеше против Холандија со 1-2 и во недела за титула ќе игра против Португалија која ја совлада Шпанија со 1-0.

Германците поведоа уште во првата минута од мечот преку фантастична акција. Почнувајќи од својата половина со осум точни додавања, „црно-белите“ стигнаа до голот на Холандија, а Флоријан Вирц не промаши од непосредна близина.

Се вчитува...