Германски дуел во Англија – наместо за титула, гигантите во борба за ЛШ

На почетокот на сезоната Ливерпул и Челси се очекуваше да се борат за титула, но наместо тоа „сините“ и „црвените“ разочараа со очајната форма во дел од првенството по која завршија на петтото, односно шестото место на табелата со 44 и 43 освоени бода, 22 помалку од лидерот Манчестер Сити.

По доаѓањето на Тухел на клупата на лондонскиот состав, Челси не знае за пораз на девет натпревари, но на денешанта средба влегуваат по нерешениот дуел против Манчестер Јунајтед. За разлика од „сините“, составот на Клоп по четирите порази во низа успеа да им се врати на победите откако го совлада Шефилд Јунајтед на гостински терен.

Добра вест за Клоп пред денешнот дерби дуел е враќањето на Алисон Бекер меѓу стативите, а на теренот се очекува да бидат и Фабињо и Диого Жота. За разлика од Клоп, Тухел нема да може да смета на услугите на Тијаго Силва, а неизвесен е и Тами Абрахам кој има поведа на зглобот.

Денешната средба ќе биде дуел на два германски стратези кои имаат многу заедничко, меѓу кое и тренерското столче во Мајнц и Борусија Дортмунд па ќе биде интересно да го видиме надмудрувањето кое гигантите сега ги очекува во многу важен натпревар на „Етихад“ со почеток од 21 часот и 15 минути, кој ќе има големо значење за продолжението од сезоната и битката за место на табелата кое води кон Лигата на Шампионите.

Се вчитува...