Германски голгетер ќе тресе мрежи за Јувентус

Јувентус е на добар пат да го реши голгетерското прашање со ангажман на германски репрезентативец кој настапува во англиската Премиер-лига.

Ник Волтемаде минатото лето беше скапо платен од Њукасл при трансферот од Штутгарт, но Германецот не ги оправда големите очекувања на „црно-белите“. Тој не е стартер ниту на првите средби за оваа сезона, па раководството на Њукасл реши да даде зелено светло за да се ослободи од скапиот договор што голгетерот го има на „Сент Џејмс парк“.

Јувентус беше во преговори со неколку напаѓачи, но на крајот изборот падна токму врз Волтемаде, особено откако Њукасл даде зелено светло и за позајмица на овој фудбалер.

Јуве ќе ја покрие целосно платата на Волтемаде, ќе плати и над три милиони евра за позајмицата, а самиот фудбалер изразил желба да заигра за нтрофејниот италијански клуб.

Се вчитува...