Германски ракометар заклучен во тоалет среде натпревар на ЕП

Германија рутински ја одработе задачата на премиерниот натпревар од главата фаза против Белорусија, но селекторот Кристијан Прокоп неочекувано на стартот од второто полувреме остана без помошта на Џулиус Кун. Причината е невообичаена, левиот бек останал заклучен во соблекувалната бидејќи се задржал во тоалетот за време на паузата меѓу двете полувремиња.

„Останав последен во тоалетот и веднаш стана јасно дека нешто не е во ред, стана целосна тишина во соблекувалната. Излегов и видов дека сите се веќе на теренот, второто полувреме почнало, а јас останав заклучен внатре. Ме фати паника и почнав да тропам, но за среќа еден од чуварите ме слушна и ми ја отвори вратата“, изјави Кун за порталот „Хендбол ворлд“.

Германија во следното коло, утре ќе се сретне со селекцијата на Хрватска (20.30 часот).

Се вчитува...