Тимот на ПСЖ е јасно дека летово ќе претрпи многу промени, во обидот тимот да стигне до трофејот во Лигата на шампионите. Се споменуваат заминувања и на првите ѕвезди Мбапе и Нејмар, па Вијналдум, и Ди Марија, но се погласни се информациите за заминување и на германскиот репрезентативец Јулијан Дракслер.
Дракслер во последно време не добива шанса, па така 28-годишниот играчо од средниот ред на лето веројатно ќе си замине.
Според информациите, тој би можел да се врати во Германија, каде што има интерес од Леверкузен, Волфсбург и Борусија Дортмунд. Исто така има интерес и од Севилја.
Драклсер е во ПСЖ пет години, откако во 2017 година дојде од Волфсбург. Претходно играше во Шалке. За германскиот национален тим има 52 настапи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА