Германскиот „вундеркинд“ кој многу ветуваше заврши во Луцерн

Некогашниот германски репрезентативец Макс Мејер е нов играч на швајцарскиот тим Луцерн. Тој потпиша двегодишен договор со овој тим, а доаѓа од Фенербахче откако го раскина договорот со турскиот тим.

Мејер е поранешен играч на Шалке, а додека играше за овој тим за него се интересираа голем број големи клубови. На крајот замина во Кристал Палас, каде што сакаше да се докаже прво во помал клуб, па да оди во поголем, но тоа значеше и голем пад во кариерата.

Се врати во Германија, во дресот на Келн. Се обиде Фенербахче да му ја „оживее“ кариерата, но не успеа. На 26 години го раскина договорот со турскиот тим, и стана дел од Луцерн.

Се вчитува...