Германците без ниту еден тренинг во Скопје, директно на меч со Македонија

Фудбалската репрезентација на Германија утре попладне ќе пристигне во Македонија за натпреварот кој е закажан за во понеделник (11. октовмри). Интересно е тоа што селекторот Ханси Флик одлучи утре пред поаѓањето да го одржи последниот тренинг со репрезентативците, што значи дека тие нема да тренираат во Скопје.

„Панцирите“ во Македонија ќе стигнат утре вечер и тоа значи дека ќе имаат само една ноќ во нашата земја.

Натпреварот кој ќе се игра меѓу Македонија и Германија во 8. коло од квалификациите за Светското првенство во Катар 2022 година е закажан за 11. октомври 20.45 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

 

 

Се вчитува...