Германците без проблеми до триумф со Белорусија

И Германија ја оправда фаворитската улога во првиот ден од втората фаза на Европското првенство 2020 славејќи убедливо против Белорусија со 31-23.

Уште од самиот почеток на дуелот Германците јасно покажаа кој ќе стигне до победата, не дозволувајќи можности ниту за најмало изненадување. Па на полувремето веќе беше седум гола предност (18-11) за Германија.

Во вториот дел само рутински се одржуваше предноста за конечен триумф од 31-23. Тимо Кастенинг со шест гола ја предводеше Германија до победата, притоа избран и за играч на натпреварот.

Се вчитува...