Германците без Тони Крос против Македонија

Германскиот селектор Јоаким Лев се соочи со првите проблеми од стартот на подготовките пред почетните квалификациски дуели за СП 2022 откако Тони Крос се пожали на повреда на мускулот. Ова значи дека големиот ас ќе ги пропушти почетните три натпревари на германскиот национален тим, вклучувајќи го тука и дуелот со Македонија закажан за 31 март.

Плејмејкерот на Реал Мадрид се појави од стартот на подготовителниот период, но поради повреда не беше во можност да одработи ниту еден тренинг. По лекарските прегледи беше утврдено дека Крос нема да може да му помогне на националниот тим, поради што доби зелено светло за враќање во Шпанија.

Се очекува одличниот играч за врска по враќањето во Мадрид повторно да биде детално прегледан од клупските лекари, по што ќе биде познато колку е сериозна повредата и дали Германецот ќе биде подготвен за настап на двомечот од четвртфиналето во Лигата на Шампионите против Ливерпул.

Се вчитува...